Се поголеми се шансите да видиме размена помеѓу Јунајтед и Арсенал оваа зима.
Двајцата играчи се во иста позиција, и едниот и другиот ќе бидат слободни на крајот на сезоната. Хуан Мата и Арон Ремзи имаат договори кои истекуваат. Арсенал веќе го информираше Велшанецот дека не се согласува на неговите услови и тој има понуди од неколку клуба, иако надвор од Англија тешко дека би можел да добие шест или седум милиони по сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мата ќе го напушти „Олд Трафорд“, се зборуваше за враќање во Валенсија, но и Јувентус, искрено, таму конкуренцијата е преголема во овој момент. Обложувалниците ги намалија квотите за замена, бидејќи во јануари и Емери и Мурињо би го добиле она што го сакаат, Мата во Арсенал, Ремзи во Јунајтед, ова звучи реално, а дали ќе се случи ќе почекаме уште неколку месеци.
Инаку, Арсенал денеска во дербито на колото го пречекува Ливерпул, во последниот натпревар од денот во Премиер лигата, додека денот ќе го отвори гостувањето на Јунајтед во Борнмаут. Домаќинот е во одлична форма, пред Јунајтед се на табелата, со победа би можеле во топ 4, а многумина тврдат дека за Мурињо ова би можело да биде почетокот на крајот, следува гостување во Јувентус, па потоа градско дерби со Сити.