Дома Фудбал Англија Се е завршено: Манчестер Сити е шампион на Англија! (ВИДЕО)

Се е завршено: Манчестер Сити е шампион на Англија! (ВИДЕО)

Манчестер Сити денес не дозволи да се случи чудо и убедлива победа против Брајтон (4:1) ја одбрани титулата во Премиер лигата.

Не изгледаше дека Манчестер Сити нема да има проблеми затоа што Брајтон во 27-та минута ги шокираше „граѓаните“ и погоди за водство, додека Ливерпул во тие моменти имаше предност против Брајтон.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа само 83 секунди после тој гол на Брајтон, Агуеро погодува за изедначување, а десетина минути доцона Емерик Лапорт носи водство за машинеријата на Пеп. Од тој момент се изгледаше многу полесно за „граѓаните“.

Во второто полувреме Сити играше мирно ја држеше топката и чекаше шанса. Дека тие ќе бидат старо-новиот шампион на Англија стана јасно кога Ријад Марез после еден дриблинг погоди за 1:3 во 63-тата минута.

До крајот видовме уште еден мајсторски гол на Илкај Гундоган за покер во мрежата на домаќинот.

Ливерпул го совлада Вулверхемптон со 2:0, но поради победата на Сити Ливерпул и покрај 97-те бодови кои ги освои ќе мора да се задоволи со втората позиција.

ПРЕМИЕР ЛИГА РЕЗУЛТАТИ 38 КОЛО:

Брајтон – Манчестер Сити 1:4

Барнли – Арсенал 1:2

Кристал Палас – Брајтон 5:3

Фулам – Њукасл 0:4

Лестер -Челзи 0:0

Ливерпул – Вулвс 2:0

Манчестер Јунајтед – Кардиф 0:2

Саутемптон – Хадерсфилд 1:1

Тотенхем – Евертон 2:2

Вотфорд – Вест Хам 1:4

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Алегри сака да се врати во Милан

Масимилиано Алегри на крајот на сезоната најверојатно ќе го напушти Јувентус бидејќи раков…