Дома Фудбал Се е завршено: Модриќ само поради една причина ќе го продолжи договорот со Реал!

Се е завршено: Модриќ само поради една причина ќе го продолжи договорот со Реал!

modric

Лука Модриќ ќе го продолжи договорот со Реал Мадрид за уште една година, до летото 2021.

Условите како што пишува најчитаниот шпански весник „Марка“ се договорени и открива која била клучната причина за договорот помеѓи Модриќ и Реал Мадрид.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Имено, една од клазулите во актуелниот договор на Хрватот кој го потпиша во 2016 година и кој има важност до 2020 година гласела – ако Модриќ ја освои „Златната топка“ неговиот договор автоматски се продолжува за уште една сезона.

Оваа клазула засега на јавноста не и беше позната, а двете страни тоа добро го сокриле од јавноста во една од најлошите сезони во историјата на Реал Мадрид во која Модриќ играше навистина лошо.

Но, сега кога заврши сезоната и кога дојде време клазулата на Модриќ да се активира повеќе и нема зошто да се крие.

„Марка“ наведува дека токму поради оваа клазула Модриќ е мотивиран да остане и да се докаже дека ова било само една лоша сезона.

„За разлика од минатото лето кога после одличното Светско првенство на СП сакаше да оди во Интер, Модриќ сега е фокусиран на Реал Мадрид и е максимално мотивиран да ги започне припремите за новата сезона“, пишува Модриќ.

Истиот извор додава дека Модриќ има поддршка од Зинедин Зидан и управата на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …