Дома Трансфер зона Се е договорено: Познато кога Кулушевски потпишува со Јувентус и колку ќе заработува

Се е договорено: Познато кога Кулушевски потпишува со Јувентус и колку ќе заработува

Управата на Јувентус судејќи според пишувањето на италијанските медиуми го обезбеди првото зимско засилување.

„Бјанконерите“ не успеаа во намерата да го доведат Ерлинг Халанд, но не седеа со скрстени раце и го обезбедија потписот на Дејан Кулушевски.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Кулушевски како што е познато има потекло од Македонија, меѓутоа избра да настапува за репрезентацијата на Шведска. Наводно, „старата дама“ за него ќе плати 35 милиони евра.

Медиумите во Италија пред некој ден го објавија дека трансферот е договорен, а сега дополнуваат дека во првите денови од овој месец јануари ќе ги помине прегледите и ќе стави потпис на договор со Јувентус. Во Торино Кулушевски се очекува да заработува 25. Милиони евра, покрај одредени бонуси.

Се уште не е познато дали 19 годишниот фудбалер ќе остане во Парма до крајот на сезоната или Јувентус веднаш ќе го доведе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Бум од Островот: Англичаните откриваат кога Гвардиола ќе замине од Манчестер Сити!?

Пеп Гвардиола (53) го предводеше Манчестер Сити до уште една шампионска титула, шеста за к…