Дома Трансфер зона Се е договорено: Ибра во Милан за 2,2 милиони евра!

Се е договорено: Ибра во Милан за 2,2 милиони евра!

Вчера објави „Газета дело Спорт“, денес потврди „Спортмедиасет“ – Ибрахимовиќ се враќа во Милан во зимскиот преоден рок.

Двата извори потврдија дека спортскиот директор на Милан, Леонардо постигнал комплетен договор со менаџерот на Ибрахимовиќ, Мино Раиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Имено, Ибрахимовиќ ќе пристигне на „Сан Сиро“ во јануари и ќе потпише 6-месечен договор за плата од 2,2 милиони евра. Притоа, ќе има можност за продолжување на соработката на уште една година.

Доколку Милан избори пласман во Лигата на шампиони Ибрахимовиќ автоматски ќе го продолжи договорот на уште една година за 4 милиони евра по сезона.

Ибрахимовиќ ја заврши сезоната со ЛА Галакси, но веројатно ќе го раскине договорот со американскиот клуб во декември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Барселона договори светски шампион, пристигнува бесплатно!

Според последните информации, Барселона успеала да постигне договор во летниот преоден рок…