Дома Трансфер зона Се е готово: Хрватот на „Олд Трафорд“ за 52 милиони евра!

Се е готово: Хрватот на „Олд Трафорд“ за 52 милиони евра!

Иван Перишиќ преминува од Интер во Манчестер Јунајтед откако клубот на Мурињо испрати нова подобрена понуда.

Реномираната „ Газета Дело Спорт“ пишува дека радикално подобрената понуда за Перишиќ изнесува 52 милиони евра и дека се чека само недела и враќањето на спортскиот директор Валтер Сабатини од Кина за трансферот да биде официјализиран.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Да потсетиме, минатото лето Јунајтед на Интер му понуди 35 милиони евра, но „нероаѕурите“ оваа понуда ја сватија како навреда и им одговорија дека цената на Перишиќ е 60 милиони евра ниту цент помалку.

Иако разликата од побарувањето на Интер и понудата на Јунајтед беше огромна, желбата на Перишиќ да премине во Јунајтед беше одлучувачка. Наводно, Хрватот го известил клубот дека го интересира само Манчестер и никој друг.

Во англискиот клуб Перишиќ ќе заработува 7 милиони евра годишно.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…