Како што пренесува германски „Билд“, Борусија Дортмунд го завршува трансферот на 18-годишниот напаѓач, Велез Сарсфилд Максимилијано Ромеро во своите редови.
Договорот се чини постигнат, германскиот клуб за услугите на 18-годишниот напаѓач ќе издвои 12 милиони евра и тој ќе биде нивното прво зимско засилување.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Идејата е тој да биде наследникот на Пјер Емерик Обамејанг, а за ова момче од Аргентина интерес покажаа и ПСВ, Штутгарт и англиски Арсенал.
Борусија судејќи по се ја доби трката со споменатите клубови, па Ромеро ќе ја засолжи опремата на „Милионерите“ на почетокот на следната година.
Ромеро има договор со Велез до 2019. година, оваа сезона на 10 настапи запиша четири погодоци и една асистенција.
Во редовите на германскиот Бундеслигаш веруваар дека тој има потенцијал да стане напаѓач од светски рамки, за почеток да се бори за место во тимот со Обамејанф, а потоа од него се очекува да ја преземе одговорноста од брзоногиот Габонец, за кого веќе неколку сезони владее голем интерес.