Конор Мекгрегор и понатаму се опоравува од скршеницата на зглобот која ја заработи во борбата против Дасин Порие на почетокот на јули, а на борбите би требало да се врати следната година.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт веќе најави негова четврта борба со Порие кој после два технички нокаути го води со 2:1, но постојат и други идеи.




Една од нив е да се бори со Ислам Макачев. Наследникот на Кабиб Нурмагомедов. Во овој момент Макачев е на скор од 20 победи и еден пораз, додека во УФЦ има осум победи во низа и скор од 9:1.




Според германскиот „Билд“ ова е борба која се договара и наскоро би требало да биде договорена.