Уште една фудбалска сезона полека доаѓа до крајот, а многу тимови веќе го подготвуваат шампионското прославување на титулата. Сепак, во некои лиги шампионот нема да се знае до последното коло, а можеби и до последните секунди.
Во Премиер лигата за титулата се борат Ливерпул и Манчестер Сити, а три кола пред крајот, Манчестер Сити има бод повеќе од „Црвените“. Во Серија А шампионот веќе се знае, а многумина ќе кажат дека се знаеше уште на почетокот од сезоната. Јувентус веќе ја обезбеди титулата, тимот од Торино има 20 бода повеќе од Наполи пет кола пред крајот на шампионатот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Шпанија Барселона е на чекор до нова титула во Ла Лига. Тимот од „Камп Ноу“ има девет бода повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид и играчите на Валверде мораат во последните четири кола да освојат три бода. Во Франција исто така се е готово. ПСЖ минатиот викенд и математички ја освои титулата, на Парижаните им останува уште само пет пати да излезат на теренот за да завршат уште една сезона во незаменливото француско првенство.
За разлика од Серија А, Ла Лига и Лига 1, Бундеслигата е сосема отворена. Во Германија ќе се играат уште четири кола, а до последниот момент за титулата ќе се борат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Разликата помеѓу овие два тима е само еден бод во корист на Баварците, кој имаат и подобра гол разлика, +14 во однос на Дортмунд.
Ќе биде интересно и во помалите лиги. Во Португалија за трофејот се борат Бенфика и Порто. Двата тима имаат 75 освоени бода од 30 одиграни натпревари, со што Бенфика има подобра гол разлика од +16. До крајот на лигата останвуаат уште четири кола. Пет кола останаа да се доиграат и во Турција, а прв на табелата е Истанбул Башакшехир. На втората позиција е Галатасарај со три бода помалку од водечкиот тим.
И во Холандија ќе биде интересно. За титулата се борат ПСВ и Ајакс. Двата гиганти на холандскиот фудбал го делат првото место на табелата со 80 освоени бода по 32 одиграни кола. До крајот на лигата има уште два натпревари, а Ајакс се наоѓа во подобра позиција поради гол разлката од +10 во однос на ПСВ.