Дома Македонски спорт Мак фудбал Се враќа македонскиот фудбал: Вардар одбраната на врвот ја стартува против „лавовите“ од Ѓорче!

Се враќа македонскиот фудбал: Вардар одбраната на врвот ја стартува против „лавовите“ од Ѓорче!

Денес стартува вториот дел од првата македонска фудбалска лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Втората полусезона стартува со денешниот натпревар на лидерот Вардар и Македонија Ѓорче Петров на Арената „Тодор Проески“. Вардар минува ни криза, ракометниот тим скоро и да се распаѓа, а фудбалерите играјќи на кртата сплотеност и инает ќе се обидат и на крајот од сезоната да бидат први.

Вардару спеа да го задржи тимот од есенскиот дел од сезоната, недостасува само Никола Серафимов кој поради конфликт со управата го напушти клубот и потпиша за српски Вождовац.

И пред сезоната во Вардар никој не веруваше, сепак фудбалерите покажаа голем карактер и со одлична игра во првиот дел од сезоната се изборија за лидерската позиција. Во таборот на црвено-црните се надеваат дека Аврамовски ќе ја продолжи одличната форма и ќе продолжи да постигнува голови, Аврамовски во овој момент е прв стрелец во првенството. Сепак, за денешниот натпревар тренерот Васоски не ќе може да смета на него поради жолти картони.

Македонија Ѓорче Петров играше добро против Вардар во есенскиот дел и во двата натпревари освои пет бода.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …