Денес репрезентацијата на Македонија забележа победа против Гибралтар од 0:2. Меѓутоа прашање е дали ќе славевме ако денес се сретневме против поквалитетна селекција.
Да го победивме Гибралтар и можеме да бидеме задоволни што ја одработивме задачата и освоивме три бода. Меѓутоа мораме да бидеме реални и да признаеме дека ако Македонија денес имаше противник со повисок квалитет тешко дека ќе освоеше три бода.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Не е Гибралтар за потценување, но сепак е репрезентација од која сигурно имаме барем неколку пати повисок квалитет, тоа на теренот денес не беше забележително. Ја имавме топка во најголемиот дел во наш посед, меѓутоа не бевме опасни, не создадовме прилики за гол. Од друга страна Гибралтар два-три пати сериозно се закани и можеше да ни направи проблем.
Игравме во изменет состав, ова се натпревари после тешка сезона на фудбалерите, но мораме подобро веќе против Грузија во недела, ако не сакаме да се ставиме во лоша позиција за изборување на првото место и нов бараж за ЕП.
Против Грузија играме во четврток дома и се надеваме дека на таа средба ќе видиме една поквалитетна и повеќе опасна Македонија. И после Грузија играме дома, а противник ќе ни биде уште еднаш Гибралтар.