Дома Фудбал Се водат завршни преговори: Канаваро за првпат ќе води европски клуб

Се водат завршни преговори: Канаваро за првпат ќе води европски клуб

Италијанската фудбалска легенда Фабио Канаваро наскоро може да има нов предизвик во неговата тренерска кариера.

Според последните информации Канаваро е во завршни преговори со екипата Беневенто која сезонава се натпреварува во Серија Б.

Информациите се дека двете страни се блиску до договор и наскоро се очекува да пристигне и официјалната потврда.

Интересно е што ова би било прв ангажман на Канаваро како тренер во некој европски тим, претходно работеше само во клубови од Саудиска Арабија и Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал се прости од Питер Стори: Почина поранешниот дефанзивец со 501 настап

Питер Стори почина на 81-годишна возраст. Поранешниот дефанзивец мина 12 години во Арсенал…