Реномираниот „Франс Фудбал“ објави дека ќе се воведе ново правило во гласањето за Златната топка за оваа 2022 година.
Во предвид ќе се земаат успесите и постигнуваата на фудбалерите во текот на една сезона, а не како што беше случај до сега во цела календарска година. Исто така во гласањето ќе можат да учествуваат само новинари од првите 100 земји на ФИФА ранг листата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главен критериум го гласањето, односно бодувањето ќе биде прво нивниот индивидуален квалитет и успех, а потоа освоените трофеи.
Ќе потсетиме во 2021 година Златната топка ја освои Лионел Меси, а за многумина овој избор беше контроверзен, зад Аргентинецот заврши Роберт Левандовски.