Легендарниот бразилски фудбалер Пеле го игра најважниот натпревар во кариерата.
Пеле последната недела ја помина во болница, а кога изгледаше дека може да биде пуштен на домашно лекување работите се влошиле. При ритуски преглед откриена била уринарна инфекција и поради тоа тој ќе остане подолго во болница.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последните години Пеле имаше и посериозни здравствени проблеми. Докторите прават се за еден од најдобрите на сите времиња да биде во што подобра здравствена состојба. Меѓутоа, годините, но и претходните здравствени проблеми прават нови проблеми.
На Пеле во септември му беше отстранет тумор на дебелото црево и од тогаш редовно оди на хемотерапија во Сао Паоло.