Maкедонија вчера го одигра натпреварот против Грузија на гости кој заврши без победник 1:1 со што се зврши циклусот од првите два натпревари во Лигата на Нации.
Освен сениорите кои имаа обврски во Лигата на Нации, два натпревари одигра и селекцијата до 21 години (Шпанија и Фарски Острови).
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Денес преку официјалниот сајт на ФФМ се огласи првиот човек на федерацијата Муамед Сејдини:
“Поставивме високи стандарди кои се однесуваат на епидемиолошките мерки и упатуваме благодарност, пред сѐ, затоа што сите ги почитуваа мерките и препораките од здравствениот протокол.
Навистина е штета што публиката и навивачите на македонската репрезентација не можеа во живо да ги гледаат натпреварите против Шпанија и Ерменија, но мораме да бидеме одговорни и во целост да го спроведуваме државниот здравствен протокол, сѐ со цел најскоро што може да се вратиме на нормалниот живот.
Навистина сме горди на нашите две репрезентации, на фудбалерите, стручниот штаб и сите кои се вклучени во работата на репрезентациите. Покажаа одлучност, самодоверба и почит кон дресот на македонската репрезентација. Честитки за остварените резултати и се радуваме на следните предизвици.
Фудбалската федерација на Македонија, исто така, во рамки на своите можности и се разбира доколку тоа од нас го побараат одговорните од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се стави во функција за подобрување на квалитетот на теренот на Националната арена, иако сосема ни е јасно дека во услови на многу натпревари и тренинзи во краток временски период, луѓето кои се одговорни за одржување на теренот дадоа сѐ од себе за негово одржување.
Напред Македонија!“.