vardar

Ф4 турнирот на СЕХА секогаш е како „цреша на врвот од тортата” на крајот од одличната сезона. Секоја година, четири најдобри тимови од регуларниот дел на сезоната се борат за титулата најдобар ракометен тим во регионот.

Навивачите се навикнати на добра забава за време на натпреварите од финалниот турнир на СЕХА – Гaзпром лигата.
Вардар е бранител на титулата во СЕХА Газпром лигата и истовремено бранител на ЕХФ лигата на шампионите, што досега се нема случено во историјата на ова регионално натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сезонава Вардар постави многу рекорди во СЕХА Газпром лигата.
Пред почетокот на турнирот во СЕХА лигата ви ги донесуваме постигнувањата на клубот.

Статистика од сезоната:
Бодови: 52 (17 победи, 1 реми, 0 порази)
Голови: 565:445
Гол разлика: +120
Резултати против учесниците на Ф4:
Мешков Брест: 31:23 (Д), 25:25 (Г)
РК Целје: 31:28 (Г), 35:27 (Д)
ППД Загреб: 30:23 (Д), 25:24 (Г)
Најдолга серија на победи: 12 натпревари
Најдолга серија без пораз: 18 натпревари
Најдобри стрелци: Тимур Дибиров (72), Лука Циндриќ (55), Даинис Криштопанс (49)
Претставени нации во екипата: 8 (МКД, СРБ, ЦГР, ШПА, ХРВ, РУС, БРА, ЛЕТ)
Генерална статистика:
Учества во СЕХА – Газпром лигата (вклучувајќи ја 2017/18): 7
Учества во СЕХА – Газпром Фајнал 4 (вклучувајќи ја 2018): 7
Најдобар резултат во СЕХА – Газпром лигата: Победник 2012, 2014, 2017)
Учества во ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите (вклучувајќи ја 2017/18): 12
Најдобри резултати во ВЕЛУКС ЕХФ лигата на шампионите: Победник во лигата на шампионите 2017
Шампион на Македонија: 11 пати
Куп победник на Македонија: 12 пати

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лина Ѓорческа не успеа да ја изненади 40. тенисерка во светот

Македонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа претрпе елиминација од Челинџер турнирот во …