Дома Останати СЕХА: Тројца вардарци и Раул во тимот на месецот

СЕХА: Тројца вардарци и Раул во тимот на месецот

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес е предводник на идеалниот тим во СЕХА лигата за септември, во кој има место за тројца играчи на македонскиот шампион.

Ракометарите на Вардар новата сезона во СЕХА лигата ја започнаа со реми против Мешков Брест, а потоа забележаа пет победи, што им го донесе лидерското на табелата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во изборот на СЕХА за изминатиот месец најдобар тренер е Раул Гонзалес, а од играчите на Вардар во идеалниот тим се Тимур Дибиров (лево крило), Лука Циндриќ (среден бек) и Алекс Душебаев (десен бек).

Покрај вардарците, во тимот на месецот уште се голманот на Веспрем, Роналд Миклер, десното крило на Цеље, Блаж Јанц, левиот бек на Загреб, Стипе Мандалиниќ и пивотот на Мешков Брест, Растко Стојковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Надал елиминиран во Барселона

Рафаел Надал е елиминиран од Алекс де Минор во второто коло на Мастерсот во Барселона. Авс…