Кике Сетиен во јануари оваа година изненадувачки доби прилика да ја води Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После две ипол години соработка Каталонците се разделија со Ернесто Валверде, а иако се споменуваа многу имиња шанса доби Сетиен.
Сетиен пред Барселона не беше премногу познато име во фудбалскиот свет, а го краси напаѓачката игра со која во 2018 година како тренер на Бетис ја сруши Барселона (4:3).
На претставувањето Сетиен изјави дека ниту во најлудите сонови не очекувал дека ќе добие повик од Барселона и дека само еден ден претходно се шетал со неговите крави на село, а сега откри дека има големи, но истовремено и чудни амбиции.
„Секогаш им зборувам на играчите дека сум максмално посветен и дека немам време за губење. Со Барселона сакам да ја освојам Лигата на шампионите и шпанското првенство. Веќе сонував како со трофејот од Лигата на шампионите се шетам во моето село и им го покажувам на кравите“, изјави Сетиен за шпанските медиуми.
Според актуелната ситуација на табелата Барселона има два бода повеќе од Реал.