Дома Фудбал Сетиен по кртиките на Меси: Ни треба пауза за да бидеме тоа што сме

Сетиен по кртиките на Меси: Ни треба пауза за да бидеме тоа што сме

Со поразот од Осасуна Барселона на едно коло пред крајот во Ла Лига ја предае титулата на Реал Мадрид кој по 34. пат стана најдобар клуб во Шпанија.

Најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси после натпреварот јавно го искажа незадоволството и порача дека ако Барселона биде волку лоша во Лигата на шампионите ќе испадне од Наполи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не очекувавме да ја завршиме така сезоната, но мечот против Осасуна само покажа какви бевме во текот на сезоната.Не бевме константни, бевме слаб тим кој лесно прима голови. Загубивме многу бодови каде не требаше“.

„Мислам дека ако продолжиме вака тешко дека ќе ја освоиме ЛШ. Ако работите не се променат и играме вака ќе испаднеме и од Наполи. Со ваков пристап не можевме да бараме повеќе во Ла Лига“, гласеше изјавата на Аргентинецот.

Сега Сетиен беше запрашан за ваквото размислување на Меси.

„Воопшто не се пронаоѓам. Сите некогаш кажуваме нешто што другите погрешно го разбираат. Во животот постојат секојдневни работи кои фрустрираат. Не давам важност на тоа. Пораката која ја примив е да се фокусираме на натпреварувањето кое сакаме да го освоиме. Ни треба пауза да ги разбистриме мислите и повторно да бидеме тоа што бевме“, изјави Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чави објасни зошто се предомислил и решил да остане тренер на Барселона

Тренерот на шпанскиот фудбалски гигант Барселона Чави Ернандез во четвртокот изјави дека о…