Барселона под водство на Кике Сетиен не игра добро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Каталонците редат киксови, Реал Мадрид ја превзема лидерската позиција и сега има прилика да отиде на +4 во последните пет кола.
Сетиен добива големи критики поради начинот на кој игра. Меѓутоа 61 годишниот стратег е убеден дека прави добра работа, а вчера жестоко беше критикуван што Гризман го стави во игра дури во 90. минута.
„Зошто го ставив во игра на самиот крај? Другите играчи во нападот играа добро, затоа. Нема да му се извинам, но ќе зборувам со него. Не сум целосно задоволен. Сепак, среќен сум што поголем дел од играчите одиграа одличен натпревар против голем ривал. Бевме добри, ни фалеше завршница“, изјави Сетиен.
Ако Реал утре го победи Гетафе ќе има четири бода предност и ќе биде на чекор од титулата во Ла Лига.