Дома Фудбал Англија Сетиен е минато: Барселона ќе го ангажира тренерот на Алиоски!?

Сетиен е минато: Барселона ќе го ангажира тренерот на Алиоски!?

Барселона планира да се раздели со тренерот Кике Сетиен, зашто управата е разочарана од резултатите и загубената титула во Ла Лига.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемата ѕвезда во клубот, Лионел Меси ургира кај раководството да го ангажира Марсело Биелса, кој му е тренер на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски во Лидс.

Биелса требаше да добие нов договор, со многу поголема плата од сегашната и средства за да изгради квалитетен тим за следната сезона и новите предизвици, но сега Каталонците сакаат да му ги расипат сметките на новиот премиерлигаш.

Еден од кандидатите за кормилото на Барселона е и Чави, кој во минатото го носеше дресот на каталонскиот гигант и кој одби да замине во неговиот поранешен клуб пред тие да го ангажираат Сетиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Баерн и Реал постигнаа таен договор поради Мајкл Олисе

По шпекулациите за трансферот на Мајкл Олисе, изгледа дека сега постои таен договор меѓу Б…