Кике Сетиен неодамна беше именуван за тренер на Барселона.
Искусниот 61 годишен стратег на клупата на Барселона дојде на местото на Ернесто Валверде, но тој не бил прв избор на раководството на Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Шпанскиот АС денес објави дека Сетиен бил последно решение за клупата на Барселона, а претходно работата била понудена на петмина други тренери.
Раководството на каталонскиот клуб разговарало со Чави кој беше најблиску, потоа со Роналдо Куман, Макс Алегри, Маурисио Покетино и Гарсија Пиемент.
Меѓутоа ниту еден од нив не ја прифатил понудата, па на крај работата била понудена на Сетиен. Тој се согласил да дојде, но имал услов за договор до 2022 година и тој услов во Барселона го прифатиле.