Екипата на Монако минува низ една од најтешките сезони во својата историја.
Тиери Анри не издржа долго на клупата на клубот од Кнежеството. Славниот Французин не успеа да го извлече тимот од кризата и експресно беше отпуштен, а на клупата управата го врати Жардим.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во краткиот период кој го помина на клупата во клубот пристигна Сеск Фабрегас кој изгледа ќе биде најголемиот губитник во периодниот рок.
„Тажни сме поради Тиери, бидејќи сум сигурен дека може да биде голем тренер. Нема да лажам, една од моите главни причини поради која дојдов во Монако беше повикот од Тиери. Сакав да играм под негово водство“, откри Сеск.
Сепак, Сеск веќе направи трансфер, Анри го нема, па ќе мора да се навикне и да игра под тренерската палка на Жардим.