Серхио Рамос е слободен агент откако му истече договорот со ПСЖ и се уште нема нов клуб.
Се поврзуваше со трансфер во Интер Мајами во МЛС, потоа со богатите саудиски клубови, па дури и со враќањето во Севиља, но сите опции пропаднаа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега италијанските медиуми пренесуваат дека Рамос би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.
Имено, неговиот агент имал средба со раководството на Интер, кој е во потрага по засилување во одбраната.
Рамос е отворен за преселба во Милано бидејќи сака да игра во топ европски клуб, но проблем е што бара двегодишен договор, а Интер му нуди соработка само за една сезона.
💡Idea #SergioRamos anche in #SerieA, l'ex #PSG è ancora svincolato 📃https://t.co/m0WdUPqU8G
— calciomercato.it (@calciomercatoit) August 4, 2023