Актуелниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос постигна гол во 15 различна сезона во Примера и го изедначи постигнувањето на Фернандо Јеро.
Капитенот на европскиот шампион постигна гол од пенал во победата над Жирона како гостин со 4:1 синоќа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Легендата Фернандо Јеро го носеше дресот на мадридскиот клуб меѓу 1989 и 2003 година. Серхио Рамос премина во Реал Мадрид во 2005 година, а веќе има 56 погодоци во дресот на „кралевите“.
Првиот гол на Рамос за Реал е во есента 2005 година во дуел против Реал Сосиедад.
Фернандо Јеро и Серхио Рамос се единствените двајца дефанзивци во шпанскиот фудбал, кои реализирале голови во 15 различни сезони.