Дома Фудбал Серхио Рамос конечно е спремен за деби со ПСЖ

Серхио Рамос конечно е спремен за деби со ПСЖ

Серхио Рамос конечно е спремен да направи официјално деби во дресот на ПСЖ, пренесуваат француските медиуми.

Шпанецот ова лето се пресели во Париз како слободен агент, но поради повреда беше надвор од терените и се уште нема одиграно ниту една минута за новиот клуб.

Рамос тренира со своите соиграчи веќе две недели и е спремен да се врати на терените.

Се очекува искусниот дефанзивец да биде дел од групата на повикани играчи за дуелот со Нант во Лига 1. Рамос најверојатно нема да биде во стартниот состав, но се очекува да добие шанса за деби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даде 38 гола, но остана без Мундијал: Далиќ повторно под лупа поради Белјо

Изоставувањето на напаѓачот на Динамо повторно отвори дебата во Хрватска. Новинарот Вице К…