Дома Фудбал Англија Серхио Агуеро се повреди, познато колку ќе отсуствува

Серхио Агуеро се повреди, познато колку ќе отсуствува

aguero

Фабијан Делф е под знак прашалник, Фернандињо скоро сигурн го пропушта вечерашниот натпревар, Бенџамин Менди уште во септември ја заврши сезоната, Рахим Стерлинг само што се опорави, а сега се повреди Серхио Агуеро.

Најдобриот стрелец и прва ѕвезда на екипата Серхио Агуеро ќе отсуствува околу две недели, откако во текот на еден од тренинзите заработил повреда на коленото.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„За време на вчерашниот тренинг почуствував болки во левото колено. Клупските лекари ми соопштија дека ќе се вратам на теренот за околу две недели“, потврди Агуеро на својот Твитер профил.

Ова веројатно значи дека во вечерашниот натпревар прв после повеќе од два месеци ќе стартува Габриел Хесус кој претходно поради повреда пропушти 12 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…