Дома Фудбал Серија А од денеска во рацете на банкар од Сицилија

Серија А од денеска во рацете на банкар од Сицилија

Италијанската Серија А беше без “кормилар” повеќе од година дена, откако Маурицио Берета замина од функцијата претседател во март 2017. година.

После 12 месеци неуспешни обиди за избор на нов претседател на најелитното италијанско фудбалско натпреварување, на денешниот состанок со претставниците од 20. клубови во Серија А, одлучено е таа функција да се додели на Гаетано Мичике.

Мичике доби едногласна поддршка, и на чело на Серија А ќе го замени првиот човек на Олимпискиот комитет на Италија , Џовани Малага кој привремено ја вршеше должноста претседател на италијанската лига.

Инаку, Мичике е прв човек на банката ИМИ, а роден е пред 68 години во Палермо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венеција добива нов дом: Договор на 40 години и вложување од 125 милиони евра

Новиот стадион ќе собира 18.500 навивачи, а преселбата од „Пјерлуиџи Пенцо“ е планирана за…