Дома Фудбал Сериозни обвинувања за Гринвуд, ја тепал девојката и присилувал на секс🎥

Сериозни обвинувања за Гринвуд, ја тепал девојката и присилувал на секс🎥

Мејсон Гринвуд се соочува со сериозни обвинувања од неговата девојка, Хариет Робсон која го обвини фудбалерот на Манчестер Јунатед за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а притоа ја принудувал на сексуални односи.

„Ова е тоа што Мејсон Гринвуд ми го направи“, тврди Робсон.

Ако се утврди вина кај Гринвуд, можно е младиот напаѓач да заврши во затвор.

Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер Јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…