Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд беше блиску до враќање на теренот, но сега од Германија за фановите на Борусија Дортмунд пристигнува лоша вест.
21-годишниот голгетер надвор од терените беше цел месец поради скинат мускул. Изгледаше дека повредата е минато, но медиумите во оваа земја пишуваат дека Норвежанецот на еден од тренинзите ја обновил повредата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Првите најави по оваа нова информација е дека Халанд на терените ќе се врати во април. Ако се потврди ваквото сценарио тоа ќе биде голем удар за Борусија Дортмунд и битката за местата кои водат во Лигата на шампионите.
За Борусија Халанд нема натпревар од 22. јануари кога се повреди на натпреварот против Хофенхајм.