Дома Топ вести Сергеј повторно е во мода во Милано, „росонерите“ сега имаат голем адут!

Сергеј повторно е во мода во Милано, „росонерите“ сега имаат голем адут!

sergej

Тимот на Милан во текот на летото имаше обид да го доведе Сергеј Милинковиќ Савиќ, но иако постоеа сериозни најави дека Србинот може да заврши на „Сан Сиро“ тоа не се случи.

Сега, Милинковиќ Савиќ повторно е идеја на ракаводството на Милан и работите во овој момент изгледа стојат нешто поинаку.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Милан сега имаат голем адут кој би можел да го убеди Сергеј – директорот Леонардо. Низ италијанските на големо се пишува дека Леонардо е во одлични односи со застапниците на Сергеј и дека веќе имало неофицијални разговори.

Информациите се дека Милан би можел да тргне во акција веќе во јануари.

Еден од клучните фактори во овој трансфер би можела да биде и формата на Сергеј, која не е како минатата сезона. Србинот минатата сезона одигра навистина одлично и Лотито од сите потенцијални купувачи бараше најмалку 120 милиони евра. Но, откако оваа сезона игра нешто послабо првиот човек би можел да го промени мислењето.

Се шпекулира дека сума помеѓу 70 и 80 милиони евра сега би можела да биде доволна за Лотито да се согласи да го продаде Сергеј.

Нема дилеми дека Сергеј би бил исклучително корисен за Милан поради своите технички и атлетски спобноси, а постои и мислење дека промената на средината би можела да му го врати мотивот на Сергеј.

https://www.youtube.com/watch?v=a4YScaF4xGc&t=1s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…