Mладиот талент на Вардар Никола Серафимов кој иако беше од најмали нози во таборот на црвено-црните летово на непријателски начин се раздели од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Серафимов си замина од Вардар откако поднесе тужба против клубот поради финансиските проблеми. Како најсериозен кандидат за неговиот потпис беше српски Вождовац, се споменуваше и хрватски Осијек, за сега на крајот Серафимов да заврши во – втората лига во Чешка!
Новиот клуб на вардаровото дете ќе биде Височина Јихлава кој игра во втората лига во Чешка. Јихлава се наоѓа на втората позиција и се бори за промоција во првата лига.
Овој клуб објави дека Серафимов ги започнал подготовките, па се очекува наскоро и официјално да го претстави.