Maкедонскиот репрезентативец, Никола Серафимов нема намера да си замине од Залаегерсег и го продолжи договорот со унгарскиот тим до 2025 година.
„Соопштуваме убави вести. Серафимов го продолжи договорот на дополнителна уште една година. Тој ќе остане тука до 2025 година“, објавија од клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во кариерата Серафимов беше дел од Вардар, помина една сезона во Пелистер, па Брегалница, потоа имаше неуспешна епизода во Чешка. Од таму следуваше враќање во македонскиот фудбал во Академија Пандев каде повторно почна да игра во добра форма, па обезбеди трансфер во Унгарија, но и повик од Милевски во „А“ репрезентацијата.