Како што пренесуваат медиумите во Турција, екипата на Галатасарај би можела да се засили од редовите на Манчестер Јунајтед.
Имено, следното лето во турскиот гигант би можел да пристигне Маруан Фелаини. Солидниот играч за врска има уште неколку месеци договор со „Ѓаволите“, често се зборуваше дека во јануари можеше да ја промени средината, но имаше и шпекулации дека може да ја продолжи соработката со клубот од „Олд Трафорд“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, како што пренесуваат турските медиуми, тој одлучил да го напушти Јунајтед, а кариерата да ја продолжи во редовите на турскиот гигант Галатасарај. Фелаини наводно и постигнал договор со екипата од Истанбул, односно договор на четири години, со опција да ја продолжи соработката со Галата на уште една година.