Сигурно не сте знаеле, но најдобар голман оваа сезона во 5-те најсилни европски лиги е Ник Поп од Барнли.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Англичанецот ненадејно доби шанса бидејќи првиот голман Том Хатон се повреди против Кристал Палас, па во четири натпревари запре 17 од 18 удари кои беа упатени кон неговиот гол. Тој има неверојатна статистика од 94.4%
Позади него е голманот на Нант, Киприан Татарушану со 21 одбрана од 23 или 91.3 %, а потоа следува голманот на Борусија Дортмунд, Бурки со 18 одбрани од 20 шута или точно 90%.
Во Топ 5 се уште и чуварот на мрежата на Јунајтед, Давид де Геа (88.2%) и голманот на Хановер Филип Тшаунер (86.2%).