Дома Топ вести Сензација: Ди Марија се враќа на „Олд Трафорд“?

Сензација: Ди Марија се враќа на „Олд Трафорд“?

Аргентинскиот репрезентативец Анхел ди Марија синоќа со фантастичен гол го спаси својот ПСЖ од пораз против Наполи во ЛШ.

Ди Марија постигна фантастичен гол во судиското продолжение, но англиските медиуми тврдат дека тој може да биде последен за него во дресот на ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите на Островот пласираа сензационална вест и тврадт дека Манчестер Јунајтед повторно го сака Ди Марија во своите редови, поточно тренерот Жозе Мурињо. „Специјалниот“ во него гледа идеална алтернатива за крилните позиции и сака да го донесе на „Олд Трафорд“ уште во јануари.

На „црвените ѓаволи“ сигурно нема да им биде лесно да го реализираат трансферот, особено во јануарскиот преоден рок бидејќи Ди Марија е многу важен ирач за „светците“.

Меѓутоа, Аргентинецот има договор до крајот на сезоната, па уште во јануари може да потпише преддоговор со заинтересираните клубови.

Потсетуваме, Ди Марија беше член на Манчестер Јунајтед само една сезона, откако во 2014 година пристигна од Реал Мадрид, тогаш како најскапо засилување во историјата на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…