Дома Останати Тенис Сензација во Мелбурн: Од квалификациите до полуфинале на Австралија Опен!

Сензација во Мелбурн: Од квалификациите до полуфинале на Австралија Опен!

Тенисерката од Украина, Дијана Јастремска сензационално се пласираше во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово беше подобра од Линда Носкова од Чешка со 6:3 и 6:4.

Јастремска со пласманот во полуфиналето испиша историја бидејќи стана само втората квалификантка во историјата на првиот грен-слем оја стигнала да игра полуфинале. Последен пат една тенисерка направи вакво нешто во далечната 1978 година, па јасно е каков подвиг направи Украинката.

Победата на Јастремска е дополнително изненадување и затоа што Носкова до овој меч играше одлично и ја елиминираше најдобрата тенисерка во светот Ига Швјонтек.

Во полуфиналето Украинката ќе игра против подобрата од мечот помеѓу Кивен Женг од Кина и Русинката Ана Калинскаја. На спротивната страна во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Арина Сабаленка и Коко Гоф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ објави голема вест, се враќа на омилено место

Најдобриот македонски тенисер Новак Ѓоковиќ соопшти дека ќе учествува на АТП турнирот од с…