Изгледаше дека маките на Пол Погба на „Олд Трафорд“ завршија кога Жозе Мурињо си замина од клубот и пристигна Оле Гунар Солскјер.
Навистина, Погба играше многу подобро под водство на Солскјер, но сега одново се почесто добива критики.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Иако не го именуваше, легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Гери Невил испрати критики на сметка на Погба после срамниот пораз на „црвените ѓаволи“.
Невил помеѓу останатото во прашање го доведе менталитетот на фудбалерите на Јунајтед, а многумина сметаат дека многу во играта на „црвените ѓаволи“ зависи од Погба.
Како што критиките се зголемуваат, се погласни се шпекулациите и дека Погба би можел да го напушти „Олд Трафорд“.
Веќе некое време Французинот се доведува во врска со Реал Мадрид и се шпекулира дека Зинедин Зидан кој ова лето ќе добие огромен буџет за засилувања сака Погба да биде еден од столбовите на новите „Галактикоси“.
Како можен проблем во потенцијалниот трансфер на Погба се споменува тоа што Флорентино Перез не е премногу воодушевен од идејата за ангажман на Французинот.
Меѓутоа еден од условите со кој Перез го убеди Зидан да се врати е слободата во градењето на тим по негова желба и сигурно дека зборот на Французинот сега има големо влијание.
Францускиот новинар Фредерик Каленга тврди и дека преговорите помеѓу Реал Мадрид и Погба се во тек веќе некое време, според информациите „кралевите“ се спремни да платат 150 милиони евра.
Тврдењата на Каленга сигурно имаат некаква тежина затоа што подолго време тој важи за експерт за трансфери кога во прашање се француските фудбалери и има прилично добри врски со сите репрезентативци на светскиот шампион.