Дома Топ вести Сензационална вест: Хрват го наследува Хејнкес во Баерн?

Сензационална вест: Хрват го наследува Хејнкес во Баерн?

kovac

Сензационална вест се појави во изданието на германски „Скај Спорт“.

Како што пренесува споменатиот медиум Нико Ковач е еден од кандидатите да го наследи Јуп Хејнкес на клупата на минхенски Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ули Хенес, Карл-Хајнц Румениге и Хасан Салихамиџиќ најавија дека во наредните месеци ќе го објават името на наследникот на Хејнкес, а условите кои мора да ги исполнува следниот тренер на Баерн се: Мора да зборува течно германски, мора на тимот да му даде препознатлив стил и мора да има неколку тактички системи во кои тимот ќе мора да игра. Покрај тоа тој ќе мора да внесе дисциплина, борбен дух и глад за победа.

Ковач според „Скај Спорт“ ги има сите потребни карактеристики за оваа работа! Поранешниот селектор на Хрватска сега одлично работи на клупата на Ајнтрахт со кој се наоѓа на високото седмо место во германската Бундеслига.

Хрватот го преферира стилот на Хејнкес 4-2-3-1, но исто така знае да го промени системот во 3-5-2 и 3-4-3, доколку тоа е потребно.

Кога во прашање се работата и дисциплината, Ајнтрахт оваа сезона е трет по бројот на претрчани километри во просек по дури 118 километри, на натпревар, осум повеќе во споредба со Баерн.

И на крај, Ковач е поранешен фудбалер на Баерн кој играше заедно со спортскиот директор, Салихамиџиќ во шампионската генерација на Баерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…