Дома Фудбал Англија Сем Алардајс се засилува по свои мерки, за едно ќе води битка со Арсенал

Сем Алардајс се засилува по свои мерки, за едно ќе води битка со Арсенал

Популарниот Биг Сем на местото шеф на стучниот штаб е поставен наместо Роналд Куман, а под негово водство „Карамелите“ запишаа два триумфи и реми во Премиер лигата со победа над Аполон за простување од Лига Европа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во понеделник играат против последнопласираниот Свонси, за продолжување на низата, но добрите резултати не го прелажаа искусниот стратег.

Алардајс е свесен дека ќе мора да ја засили екипата, па така во јануари на „Гудисон“ би можеле да стигнат уште тројца нови играчи.

Имено, Евертон е на прагот на договор со Лил околу нивниот дефанзивец Адам Сумаоро, додека на радарот на клубот од Ливерпул се наоѓа и напаѓачот на Кристал Палас, Кристијан Бентеке, како и играчот за врска на Севиљам Стивен Н’Зонзи.

Сумаоро може да покрие четири позиции во дефанзивната линија, а се верува дека Лил ви прифатил да го продаде за околу 25 милиони евра.

Што се однесува до Бентеке, Алардајс изминатата сезона соработувал со Белгиецот во Кристал Палас, добро го познава и верува дека таков напаѓач би бил од голема помош за „Карамелите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…