Дома Фудбал Останато Семејствата на настраданите од Чапекоенсе бараат оштета

Семејствата на настраданите од Чапекоенсе бараат оштета

Семејствата на жртвите на авионската несреќа од 2016 година, членовите на стручниот штаб и управата на бразилскиот клуб Чапеконесе, допатуваа во Боливија да бараат оштета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во авионската несреќа животот го загубија 71 лице, помеѓу кои и фудбалери на овој клуб.

Колумбиските власи после истрагата соопштија дека несреќата била предизвикана поради недостаток на гориво и невнимание на екипажот. Летот од колумбискиот град Меделин го организираше компанијата „ЛаМија“, која е регистрирана во Боливија.

Семејствата на починатите денес допатуваа во Санта Крус, град на истокот на Боливија.

Адвокатот кои ги претставува оштетените изјави дека семејствата не добиле ниту цент. Семејствата сакаат средба со поранешното раководство на компанијата, боливиските власи и задолжените за воздушниот собраќај.

Несреќата се случи на 28 ноември 2016 година, кога од 77 патници, животот го загубија 71 лице. Настрадаа 19 фудбалери на бразилскиот клуб.

Фудбалерите на Чапеконесе патуваа во Меделин на првиот натпревар од финалето на Копа Судамеркина против Атлетико Национал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…