Дома Трансфер зона Семедо ги прекина преговорите со Барса – причината е Гвардиола

Семедо ги прекина преговорите со Барса – причината е Гвардиола

Примарна цел на Манчестер Сити во летниот преоден рок ќе биде реконструкција на одбраната, каде треба да бидат донесени нов стопер и десен бек.

Англиските медиуми тврдат дека Гвардиола бекот го пронашол во Барселона, а станува збор за Нелсон Семедо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Семедо беше во преговори со Барселона за продолжување на соработката, но преговорите се стопирани токму поради интересот на Сити.

Наводно желбата на Семедо е да се пресели во Премиер лигата и да соработува со Гвардиола, па за тоа веќе ги известил челниците на Барселона.

Каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона нема да му стои на патот, но за возрврат од „граѓаните“ ќе го бара Кансело, па можно е да дојде до трампа ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…