Челзи е во потрага по резервен голман бидејќи Асмир Беговиќ е незадоволен и сака да го напушти клубот оваа зима.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Прва мета за замена на Тибо Куртоа е искусниот голман на Селтик, Крег Гордон, но шкотскиот шампион не сака да се откаже од својот чувар на мрежата.
„Скај Спорт“ пренесува дека Селтик ја одбил понудата на „сините“ за 34-годишниот репрезентативец на Шкотска, притоа не наведувајќи ја точната сума.
Челзи сега се насочува кон други мети и до крајот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе Диего Лопез или Муслера за да му дозволи на Беговиќ да го напушти „Стенфорд Бриџ“.