Дома Фудбал Селта со пресврт дојде до триумф против Лас Палмас кој полека се збогува со Ла Лига

Селта со пресврт дојде до триумф против Лас Палмас кој полека се збогува со Ла Лига

Во последниот меч од 27. коло во шпанската Ла Лига, Селта Виго на домашен терен славеше против Лас Палмас со 2:1 и така се зацврсти на средината на табелата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По првото полувреме немаше погодоци, а потоа во 53. минута Еспосито погоди за водство на гостите од 1:0.

Само девет минути подоцна, Џони погоди за израмнување на 1:1, а потполен пресврт на домашните донесе Ернандез во 89. минута по асистенцијата на Аспас.

Лас Палмас останува на 18. позиција која следната сезона ги води во втората лига и можат да жалат за поразот, со оглед на тоа дека сега имаат бод помалку од 17. пласиораниот Леванте. Селта е деветта до 38 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нукасл договори замена за Ентони Гордон

Нукасл договори трансфер на левото крило на Хофенхајм, Базумана Туре, јавуваат Фабрицио Ро…