Дома Фудбал Селекторот на Лихтенштајн пред натпреварот со Македонија доби ПРО-лиценца

Селекторот на Лихтенштајн пред натпреварот со Македонија доби ПРО-лиценца

Поранешниот репрезентативец на Лихтенштајн и денешен нивни селектор, Мартин Стокласа пред мечот со Македонија ја доби најважната лиценца за еден тренер – ПРО-лиценцата.

Во својата кариера Стокласа одигра 113 натпревари за Лихтенштајн, а сега ја води репрезентацијата како селектор. Кариерата ја заврши во 2014 година, потоа одеше чекор по чекор за сега конечно да ја добие ПРО-лиценцата.

Македонија против Лихтенштајн игра во петок на гостински терен и овој натпревар е од голема важност за нашата репрезентација.

Важноста за натпреварот во нашето интервју ја истакна и македонската фудбалска легенда – Митко Стојковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…