Дали Ливерпул ќе издржи во добар ритам до крајот и ќе освои некој трофеј оваа сезона?
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Играат добро, но недоволно, ќе мораат уште подобро доколку мислат да ја освојат Премиер лигата каде Манчестер Сити е фантастичен, додека во останатите натпреварувања имаат потешкотии, само да се сетиме на поразот од Црвена Звезда во Белград со 2:0.
Трофеите и натаму се предалеку, но во Ливерпул напорно се работи и имаат причина за оптимизам.
Сепак, имаат причина и за грижа, посебно по зборовите на Хавиер Агире, селекторот на Египет.
„Салах може да го напушти Ливерпул за сезона или две ако нема трофеј. Клоп тоа го знае добро и работи на трофеите повеќе од напорно“, истакна Агире.
Ливерпул не освои трофеј од Лига Купот во 2012. година, а Клоп веќе го доби епитетот губитник на финалето…
Ова е добро познато сценарио, само да се сетиме на заминувањето на Луис Суарез во Барселона по фантастичната сезона во која малку недостасуваше Ливерпул да ја освои титулата во домашното првенство.