Дома Ракомет Селекторот на Данска како да ја заборави Македонија во групата за ЕП

Селекторот на Данска како да ја заборави Македонија во групата за ЕП

На Европското првенство кое се игра во јануари 2022 година Македонија ќе биде во група со Данска, Словенија и Црна Гора.

Рано е да се даваат некакви анализи, но селекторите веќе ги дадоа првите мислења за групата. Интересно е што селекторот на Данска Николај Јакобсен не ја спомна Македонија и покрај поразот кој доживеаа неодамна во Скопје.

„Среќен сум што Франција не е во нашата група, но ме нервира што од последниот шешир се падневме со Црна Гора, тоа беше тимот кој сакав да го избегнеме. Како и да е сигурен сум дека ќе ја поминеме групата ако ние ја играме нашата игра“, изјави Јакобсен.

Инаку, селекторот на Данска неодамна го продолжи договорот со оваа селекција до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ ја носи Лигата на шампионите во Берси: На нишан е францускиот рекорд

Дуелот со Фуксе Берлин на 3 март 2027 година ќе биде прв натпревар на ПСЖ во Лигата на шам…