Дома Македонски спорт Селекторот Бајиќ го објави списокот на кошаркари за квалификациите во ноември

Селекторот Бајиќ го објави списокот на кошаркари за квалификациите во ноември

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го објавуви списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на времето до првите квалификациски обврски, односно првиот натпревар од квалификациите за СК, закажан за 26.ноември во Скопје, кога ja пречекуваме репрезентацијата на Шпанија, селекторот Бајиќ се определи за еден проширок список од 18. кошаркари.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


До првиот собир, кој е предвиден да биде на 20. ноември, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје, Бајиќ и стручниот тим ќе ја следат формата на сите репрезентативни кандидати, по што ќе биде формиран финалиот ростер за двата натпревари во квалификациите во првиот ФИБА „прозорец“, во кој освен средбата со Шпанија, на 29. ноември следува и онаа против репрезентацијата на Украина, која ќе се игра во „палатата на спортовите“ во Киев.

На списокот е и Ненад Димитријевиќ, но неговиот настап е неизвесен поради повредата која неодамна ја заработи во натпреварот за Валенсија.

СПИСОК НА КОШАРКАРИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦОТ“ ВО НОЕМВРИ 2021

Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Робев (МЗТ Скопје Аеродром)

Дарио Митевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Адем Мекиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Бобан Стајиќ (Пелистер)

Стојан Ѓуроски (Пелистер)

Љубомир Младеновски (Пелистер)

Андреј Митревски (Феникс 2010)

Виктор Ефремовски (Гостивар)

Андреј Маслинко (ТФТ)

Кирил Николовски (Кожув)

Лејсон Зекири (Приштина-Косово)

Андреј Магдевски (Плоешти ЦСМ-Романија)

Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)

Ненад Димитријевиќ (Валенсија-Шпанија)

Џејкоб Вајли (Будуќност-Црна Гора)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП🎥

На натпреварот помеѓу Италија и Албанија беше испишана историја на европските првенства. И…