Дома Македонски спорт Мак фудбал Секуловски нов тренер на Пелистер

Секуловски нов тренер на Пелистер

Марјан Секуловски денеска беше промовиран за нов тренер на Пелистер и доаѓа на местото на Капинковски кој замина уште во ноември.

Секуловски досега ја водеше екипата на штипска Брегалница и имаше добри резултати бидејќи се наоѓа на четвртото место на табелата.

Претходно Општина Битола ја информираше јавноста дека се исплатени финансиските долгови на ФК Пелистер и дека клубот има нов управен одбор.

Во меѓувреме беше потврден и ангажманот на сенегалскиот дефанзивец, Али Натрант кој доаѓа како позајмен од Шкупи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Костовска против Лустак на стартот на „Златен гонг“, трофејот добива нов освојувач

Марија Костовска ќе боксува во четвртфиналната програма на 55. „Златен гонг“ во Скопје. Ал…