Секс-скандал ја тресе репрезентацијата на Мексико на само осум дена пред почетокот на Мундијалот.
Мексико неодамна ја победи Шкотска со 1:0, а токму по овој натпревар осум репрезентативци на оваа земја одлучиле добро да се опуштат.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Забавата на која присуствувале дури 30 проститутки била исполнета и со огромна колична на алкохол, пишуваат медиумите во светот.
Како што се наведува „лудата“ журка била организирана од страна на: Голманот Гиљермо Очоеа, Карлос Салседо, играчот на Манчестер Јунајтед Хектор Ерера, Жесус, Галардо, двајцата браќа Џовани и Џонатан Достантос, Хименез и Марко Фабијан.
Не е познато дали селекторот на Мексико бил известен за активностите надвор од теренот на неговите фудбалери, а во медиумите се чека негова реакција со оглед на тоа што сите осум фудбалери се во составот на Мексико кој ќе патува на Мундијалот во Русија.
Мексиканците Светското првенство го стартуваат на 17-ти јуни со натпрварот против актуелниот светски шампион Германија.